🎁 GIVEAWAY 🎁

Следниот Giveaway е на 1ви март!! Ако сакате да ја видите вашата омилена книга на некој од следните giveaways, пишете го името на книгата и авторот во коментар, или пишете ни во ДМ на нашиот Инстаграм профил тука! Сликата е земена од http://wondrouspics.com/cool-question-marks/book-question/

Рецензија: Темјанушки во март – Сара Џио

Во дваесеттите години, Емили Вилсон е на врвот на светот: таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер, има сопруг што изгледа како изваден од некоја насловна страница и сигурна е дека ја очекува само среќа до крајот на животот. Десет години подоцна, кругот се врти и нејзината среќа пука како меурче од сапуница. Таа нема…

Рецензија: Само пријатели – Колин Хувер

Дали е подобро никогаш да не се вљубиш или да се вљубиш во некој кој не можеш да го имаш? Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар…

Рецензија: Го имам твојот број – Софи Кинсела

Го изгубив Единственото нешто на светот што не смеев да го изгубам. Мојот веренички прстен, кој е семејно наследство три генерации. И сега, баш дента кога треба да дојдат неговите родители, јас го изгубив. Баш тој ден! Остани присебна, Попи! Попи Вајат никогаш немала поубав период во животот. Таа наскоро треба да се омажи за…

Рецензија: Една од момците – Лорен Лејн

Опасниот спортски уредник Кол Шарп работи за списанието Оксфорд со години, па кога дознава дека се отвора одлична, редовна работна позиција, претпоставува дека ќе биде прв и единствен избор. Тогаш неговиот шеф му фрла една бомба: Кол има конкуренција. И тоа женска конкурентка, во форма на една симпатична машкуданка која се дружи со момците. Кол…

Рецензија: А што по бакнежот – Лорен Лејн

Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ…

Рецензија: 9-ти Ноември – Колин Хувер

„Ова е љубовна приказна за едно типче (јас) и една девојка (Фалон). Мислам… Може ли да се смета за љубовна приказна ако не завршува со љубов? Мистериите завршуваат кога ќе се реши мистеријата. Биографиите завршуваат кога ќе се раскаже приказната. Љубовните приказни би требало да завршуваат со љубов, така? Можеби грешам, тогаш. Можеби ова не…

Рецензија: Сè, баш сè – Никола Јун

Мојата болест е ретка колку што е позната. Во основа, јас сум алергична на светот. Не излегувам од дома, немам излезено од дома цело седумнаесет години. Единствените луѓе што ги гледам се мајка ми и мојата болничарка, Карла. Но тогаш, еден ден, пред соседната куќа доаѓа камион за селење. Погледнувам низ прозорецот и го гледам…

Рецензија: Светлината што ја изгубивме – Џил Сантополо

Тој е првата личност што ја инспирира, што ја трогнува, што вистински ја разбира. Дали е судено да биде и последната? Луси мора да донесе одлука што ќе ѝ го смени животот – но за да може да ја донесе таа одлука, прво мора да ја раскаже нејзината приказна – нивната приказна – од самиот…

Рецензија: Првиот последен бакнеж – Али Харис

Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти? Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување? Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест…