Рецензија: „Пациентот” – Себастијан Фицек Оцена 4/5

Резиме: Макс е киднапиран и неговиот киднапер, откако е фатен, завршува во лудница. Татко му, Тил, е подготвен да направи сѐ што е во негова моќ да дознае што се случило со Макс. За таа цел, влегува во лудницата и, покрај тоа што е без план, сепак е блиску до киднаперот. Го зема идентитетот на Патрик, идентитет кој му прави повеќе пречки отколку што му помага. Дали Тил ќе ги совлада тие пречки, и што е спремен да направи за да ја дознае вистината, прочитајте ја оваа интересна приказна.

Краток осврт: „Пациентот” е карактеристична приказна на Фицек. Обработува тешки теми како убиство и киднапирање на деца и семејно насилство. Темите не ја прават книгата рекреативна и лесна книга за поминување на пријатна вечер со интересна приказна, ама тоа не е ни целта на книгата.Сепак, книгата е лесно читлива и неизвесна од почетокот па до крајот. Поглавјата се кратки и нивните краеви постојано те тераат да продолжиш понатаму, најмногу поради нивната неизвесност и брзо темпо. Карактерите се добро доловени, иако тешко разбирливи, поради нивната природа, секако. Местото на дејство е лудница а карактерите се нејзините пациенти. Не сите имаат смисла, на пример односот на адвокатот и киднаперот, барем за мене е незамислив. Настаните и карактерите многу придонесуваат за добивање на убава слика за атмосферата која се обидува книгата да ја долови. И успева во тоа 🙂 Она што мене не ми се допаѓа кај Фицек, е присуството на премногу пресврти, кои, и покрај тоа што се работи за фикција, мене ми делуваат вештачки и исфорсирано. И покрај тоа, разрешниците ми се допаѓаат и се секогаш оригинални и интересни 🙂

Заклучок: Мене ми беше интересна за читање и сметам дека ако ви треба добар психолошки трилер, треба да и дадете шанса на оваа книга.
Следна за читање: Еленор Олифант е ОК.

Автор: Себастијан Фицек

Издавач: Сакам Книги

Цена: 450

Линк до книгата

One Comment Add yours

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.