„Плачот на Срната’’ – Слаѓан Славенски

Автор: Бојан Радичевски

Дебитантско дело кое обработува доста чувствителна тема, но дава добра насока за како треба да се бориме за живот. Насилството и киднапирањето на жените е работа што дефинитивно треба да се сопре. Станува збор за Аурора, која живее во мало гратче и е несреќна поради нејзиниот татко – алкохоличар. Наскоро нејзиниот живот ќе биде променет од многу причини. Таа, нејзината другарка и останатите се вознемирени за случајот дека по трети пат исчезнува девојче од нивното училиште. По едно мини бегство кое следеше после спротиставување на насилник, Аурора се сретнува со младиот уметник Алексеј кој исто така е еден од ликовите погодени од трагедијата со младите соученички, бидејќи една од тие ученички е неговата најдобра другарка, Моника. Алексеј е мирно дете со многу грижлива мајка, но за жал многу отсутен татко. Нивната прва средба е највпечатливата воопшто, бидејќи Алексеј има нацртано цртеж со очи во различна боја што ги сонил на сон, а тие очи припаѓаат на Аурора. Од тука започнува љубовта на прв поглед, многу убаво прикажана и проследена со авантури и неколку жешки сцени. Тие заедно со најдобриот другар на Алексеј, Боби, и другарката на Аурора, Марта, се впуштаат во детективска истрага за да го најдат сторителот на овие монструозни случувања. Сепак, главниот сторител нема да го претпоставите сѐ до последната страна. Предобар склоп на романтика, драма, авантура и мистерија. Авторот одлично ги има прикажано сите страни што може да се присутни во еден живот, а исто така и како треба да продолжиме напред. Одлична книга за почеток на писателската кариера. Книга вредна за секој дом!

Оцена: 5/5

One Comment Add yours

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.