Рецензија за книгата „Жената на прозорецот“ од А. Џ. Фин

Автор: Бојан Радичевски

Се работи за една жена, затвореничка во сопствената куќа… Жена, на која животот ѝ го сервирал најлошото. Живее на нездрав начин – со многу вино, и поради својата состојба – со многу лекови и редовни посети од нејзините психијатар и киропрактичар.

Книга во која се опишува регуларниот живот на жената и злосторството на кое е сведок од својот прозорец, шпионирајќи ги своите соседи. Но, сепак, кога го пријавува истото, тоа е игнорирано од страна на полицијата, поради заклучокот дека жената халуцинира зашто пие лекови кои наводно и го предизвикуваат тоа, а секако, и поради нејзината мала тајна дека лековите ги меша со вино. Клучното прашање е: „Што е вистина, а што халуцинација“?

Пораката на авторот е дека кога нешто се испитува, потребно е да се оди до самиот крај, без да се базира на заклучоци според внатрешните фактори на самата личност што анализира и, да се даде шанса на сите, без разлика кој во која состојба е.

Драма-трилер што вреди да се прочита. Веќе е најавен филм за книгава, која лично досега е еден од ретките трилери што ме наежиле во буквална смисла.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.